Тиквеш вечерва како домаќин во меч од 9.коло во кошаркарската елитна лига на Македонија, успеа да го победи Вардар со 78:72. Ова беше трета победа на кавадарчани. Што се однесува до Вардар, овој тим и натаму се нема радувано на победа, а вечерва во Кавадарци и тоа како беше блиску до такво нешто. Посебно ако се знае дека “црвено – црните“ одиграа одлично во првите две четвртини и имаа предност на полувреме со 43:32. Сепак се се урна за нив во третата четвртина која кавадарчани ја добија со 24:17, а пото во последниот период успеаја да го свртат мечот и резултатот во своја корист.
Вардарци имаа свои шанси, но сепак немаа среќа во пооделни моменти и на крајот може да се каже дека Тиквеш заслужено победи.
Кога сме кај поентерите, кај Тиквеш најефикасен беше Пантелиќ со 30 поени, додека кај гостите најефикасен беше Наков со 19 поени.