Денеска на програмата беа три меча од главната рунда на ракометното ЕП 2024 за жени, и сите три во групата-1.
Прво селекцијата на Црна Гора славеше против Полска со 30:28. Потоа следуваше дуелот меѓу Унгарија и Романија, во кој славеа Унгарките со 37:29. Со оваа победа ракометарките на селекцијата на Унгарија ја обезедија “визата“ за пласман во полуфиналето на овој европски шампионат.
И вио вечерниот термин, селекцијата на Франција со 31:27 ја победи Шведска па така и таа успеа да се пласира во полуфиналето.
Хорацек и Нзе Минко постигнаа по шест голови кај победничката екипа, додека Робертс и Ахнер со по четири голови беа најефикасни кај поразената екипа.
Па така сега на табелата во групата-1, на првите две места по 4.коло се Унгарија и Франција со по максимални 8 бода, Црна Гора има 4, Романија и Шведска со по 2 бода, додека Полска е без бодови.