На денешен ден пред 33 години Македонците Панчев и Најдоски станаа светски прваци! (ВИДЕО)

128

На денешен ден пред 33 години, на 8 декември 1991 година во Токио, во финалето на Интерконтинтеталниот куп, Ц. Звезда со 3:0 славеше против тимот на Коло Коло од Чиле и со тоа ја потврди својата доминација во светски рамки. Во тимот на “црвено – белите“ беа и Македонците Дарко Панчев и Илија Најдски, првиот беше стрелец и на еден гол во финалето а втоиот капитен.

Познато е дека шест месеци претходно со голот на Панчев во петтата пенал – серија Ц. Цвезда стана и европски првак кога славеше против Марсеј во Бари.

Кога сме кај овие титули вреди да се напомене дека уште еден Македонец го повтори успехот на своите двајца претходници. Тоа е Горан Пандев кој во финалето со својот Интер во 2010 исто така стана светски клупски првак. Во финалето против Мазембе, Пандев го постигна првиот гол а мечот на крајот заврши со 3:0.

Овој натпревар се одигра во Абу Даби. Исто така и Пандев шест месеци претходно во таа 2010 година со Интер во Мадрид стана европски првак освојувајќи ја ЛШ.

ПретходноПочина некогашниот тренер на ФК Пелистер, Бранислав Божиќ
СледноПознати се деталите околу новиот договор на Салах