Кол Палмер, спектакуларниот фудбалер на Челзи денеска во градското дерби на гости кај Тотенхем не само што и се израдува на победата на својот тим со 3:4, во еден луд меч, туку може да се пофали дека испиша историја.
Имено младиот офанзивец реализира два пенали со што сега има 12/12 удари од белата точка во низа. Со ова тој го урна рекордот на Јај Туре кој во свое време во дресот на Манчестер Сити имаше 11/11.
Секако дека Палмер има големи шанси овој рекорд да го зголеми, а интересно е тоа што вториот пенал го реализира со “паненка“ удар, да се памети.
Со овие два гола Палмер сега има 11 погодоци и се наоѓа на третото место на листата на стрелците сезонава во ПЛ и тоа зад Халанд и Салах кои имаат по 13.
Visited 1 times, 1 visit(s) today