Со мечевите од 18.коло, кои се закажани за денеска од 13 часот, се спушта завесата на есенската полусезона во тековната 2024/25 сезона. Јасно е дека сите погледи се свртени кон Тетово каде под Шара се игра дербито меѓу Шкендија и Гостивар. Има четири кандидати за есенски шампион, но јасно е дека тетовци најмногу се прашуваат зошто имаат 36 бода, додека Силекс, Гостивар и Работнички имаат по два помалку.
За тоа кои се комбинациите и кој може да дојде до есенскиот трон, “СпортСпорт“ анализираше и вчера, ама еве денеска ќе повториме со оглед на тоа дека денеска се играат натпреварите.
ШКЕНДИЈА: Да го победи Гостивар и ќе биде есенски првак. На тетовци и бод им одговара, но тогаш Силекс не смее да победи против Вардар и Работнички не смее да победи со повеќе од три разлика.
СИЛЕКС: Да го победи Вардар, но да се надева дека во Тетово ќе биде реми или пак да победи Гостивар но со помала разлика од онаа во евентуалниот триумф на Силекс против Вардар и се разбира Работнички не сме да победи со 4-5 или повеќе голови против Пелистер.
ГОСТИВАР: Да ја победи Шкендија и да се надева дека Силекс нема да го победи Вардар со поголема разлика од таа на Гостивар и секако Работнички да не го победи Пелистер со 4-5 или повеќе голови.
РАБОТНИЧКИ: Овој тим има најмали шанси, но сепак има. На Работнички му треба најмалку реми во Тетово или победа на Гостивар, и Силекс може да победи, но на Работнички ќе му треба убедлива победа над Пелистер од најмалку три голови разлика. Идеално за тимот на Горан Станиќ би било реми во Тетово, реми или пораз на Силекс и победа на Работнички над Пелистер со 4:0.
-На крај да напоменеме дека сега се гледа, во случај на ист број бодови, кој има подобра гол – разлика, ако и тоа е исто тогаш кој има повеќе постигнато голови.
На крај, по завршувањето на 33 коло во мај ако две или повеќе екипи имаат ист број бодови тогаш ќе одлучуваат меѓусебните дуели.
Значи денеска дербито се игра во Тетово каде Шкендија го дочекува Гостивар, во Кратово играат Силекс и Вардар, на Арената во Скопје домашниот Работнички игра со Пелистер. Потоа во Кавадарци составот на Тиквеш се среќава со Брера, сеуште актуелниот шампион, тимот на Струга ТЛ игра дома со Воска во “Езерското дерби“ и во Гостивар тимот на Беса го дочекува Шкупи.
ДВОЈКИ ЗА 18 КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)
Кавадарци: Тиквеш – Брера
Скопје: Работнички – Пелистер
Гостивар: Беса – Шкупи
Струга:Струга ТЛ – Воска
Тетово: Шкендија – Гостивар
Кратово: Силекс – Вардар
ТАБЕЛА
Шкендија 36 (+18), Силекс 34 (+18), Гостивар 34 (+17), Работнички 34 (+15), Струга ТЛ 29, Шкупи 19, Пелистер 19, Брера 19, Беса 13, Вардар 13, Воска 12, Тиквеш 11.