Попладнево се играат сите шест средби од 18. коло или последно есенско во тековната сезона.
По првите 45.минути под Шара, во дербито меѓу Шкендија и Гостивар нема голови. Голема борба, тензии, жестоки дуели, но на пауза се замина со тие 0:0.
Во Кратово домашните со голот на Ефтимов во 28.минута има водство од 1:0 против Вардар. Неколку минути подоцна Донов заради жесток старт доби црвен картон, гостите имаат бројчана предност.
Одличен Работнички, со головите на Мазари и Регба, тимот од Дебар Маало води со 2:0 против Пелистер на Арената во Скопје.
Со прекрасниот гол на Малески во 8.минута, Струга ТЛ има водство од 1.0 против Воска.
На средбaта Беса – Шкупи резултатот е 0:0, додека на дуелот Тиквеш-Брера резултатот е 1:0 со голот на Манасиевски во 45.минута. Ако завршат вака натпреварите од ова последно есенско коло, овие резултати, тогаш Силекс ќе биде есенски првак.