Тимот на Силекс можеби и повеќе од изненадувачки, а веројатно и сензационално е есенски шампион во ПМФЛ шампионатот на Македонија. По 18. одиграни кола, тимот од Кратово освои 37 бодови, исто колку и екипите на Шкендија односно Работнички, но подобриот скор односно гол разлика ги прави Кратовци лидери на паузата.
Денеска, Силекс беше подобар од тимот на Вардар во еден исклучително интересен, неизвесен и полн со борба меч во Кратово. Конечниот резултат гласи 1:0, а момент на одлука е голот на Кристијан Ефтимов во 28. минута.
Мечот имаше многу интензитет, неизвесност и динамика, но пред се шанси. И тоа на двете страни. И Силекс можеше да победи поубедливо, но и Вардар можеше да изедначи.
И двата тима тоа го правеа со десетмина играчи. Затоа што стартот на Илија Донов во првиот дел над Мишковски беше окарактеризиран како брутален па главниот судија му додели директен црвен картон, како и оној на Ѓуриќ како последен играч во одбраната во вториот дел над Дарко Додев.
Се на се, интензивен прволигашки дуел во Кратово, кој на Силекс му донесе есенска титула, а на Вардар поука што треба да поправи во периодот кој следува.