Чаир со реакција: Во Битола нашиот автобус беше каменуван! (ФОТО)

549

Вечерва во дербито на нашата елитна кошаркарска лига, Пелистер во Битола во тензичен меч успеа да го победи Чаир. Во последната четвртина имаше прекин од 15 минути, но сепак мечот се доигра до крај и се заврши со резултат 77:73.

Предмалку Чаир на своите социјални мрежи искочи со реакција, а се вели во неа дека на поѓање кон Скопје, во Битола бил каменуван клупскиот автобус.

Во Битола се одигра драматичен натпревар помеѓу нашата екипа и КК Пелистер, каде по голема борба до самиот крај бевме минимално поразени со резултат 77-73.
Натпреварот беше одбележан со висока тензија, сомнителни одлуки и голем притисок од домашната публика, која употребуваше навреди, говор на омраза и фрлање предмети кон нашите играчи. И покрај овие инциденти, трибините не беа празни. На крајот, по поаѓањето, нашиот тимски автобус беше каменуван – чин што остро го осудуваме.
Не очекуваат уште два натпревари до крајот на полусезоната. Следниот натпревар е од големо значење за задржување на првата позиција на табелата. Се игра следниот викенд во нашата сала „Шабан Трстена“ против БК Куманово.
Ви благодариме на сите за континуираната поддршка. Одиме напред – ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ заедно и посилни!
“ се вели во реакцијата на КК Чаир.

ПретходноЛудило на “Ванда Метрополитано“: Атлетико Мадрид од 1:3 до 4:3 со победнички гол во 90+4.минута! (ВИДЕО)
СледноЈокиќ урива граници: 104 поени за неполни 24 часа, Денвер победи