Јокиќ постигна 56 поени, рекордот во кариерата нема да го памети по добро (ВИДЕО)

824

Никола Јокиќ постигна 56 поени, што е рекорд во неговата НБА кариера и речиси половина од поени на неговиот тим, но тоа не им помогна на Денвер на гостувањето против најслабиот тим во најсилната кошаркарска лига во светот. Вашингтон Визардс славеше против Нагетс со 122:113.

Визардс беа во серија од 16 последователни порази и со сооднос 2:18. Таа серија беше најлошата активна серија во НБА. Вашингтон и минатата сезона имаше шеснаесет последователни натпревари без победа.

Јокиќ, трикратниот МВП на НБА, натпреварот против Вашингтон го заврши со 56 поени. За рекорд во кариерата шутираше 22/38 од поле и 9/13 од линијата за слободни фрлања. На својот неверојатен офанзивен настап додаде 16 скока и осум асистенции.

Претходниот највисок учинок на Јокиќ беше 50 поени, кои ги постигна против Сакраменто во февруари 2021 година. Овие 56 поени се исто така вториот најдобар офанзивен учинок во историјата на Денвер. Повеќе постигна само Дејвид Томпсон, кој застана на 73 поени против Детроит во 1978 година. Јокиќ од синоќа е и втор стрелец во историјата на клубот со 14.704 поени. Зад себе го остави Ден Исел (14.659), а пред него е само Алекс Инглиш (21.645).\

На останатите средби, Оклахома беше подобра од Њу Орлеанс со 109-119, Детроит славеше на гости кај Њујоркс со 111-120, Далас беше подобар од Торонто со 125-118, Мемфис го доби дуелот со Бостон на гости со 121-127 и Мајами на домашен терен славеше против Феникс со 121-111.

ПретходноРеал убедлив на гостувањето против Миовски и Џирона (ВИДЕО)
СледноЛА Галакси ја освои рекордната 6-та титула во МЛС (ВИДЕО)