Тимот на Арсенал не успеа да победи на незгодното гостување кај Фулам денеска и дополнително си ја искомплицира ситуацијата сезонава. Фулам и не заслужи да загуби затоа што одлично се држеше, поведе уште на стартот на мечот и парираше како да е на исто рамниште со противникот на табелата.
Хименез уште во 11. минута ги подгреа надежите на домашните за успех денеска. Салиба во 52. минута израмни на 1:1, а до крајот Арсенал се обидуваше да дојде и до трите бода. Најблиску беше во последните моменти, кога Букајо Сака постигна гол но ВАР истиот го поништи.
По 15 одиграни кола Арсенал е втор со 29 бода, додека Фулам е десетти со 23.
Борнмут одлично одигра денеска и обезбеди злато вредни гостински бодови. Ипсвич е тимот кој е трагичар откако на домашен терен преку Чеплин поведе, за да Борнмут во последните моменти од дуелот не само што израмни туку и успеа да победи. Унал погоди во 88. минута, а Оуатара во петтата минута од продолжението ги постави конечните 1:2.
Лестер пак, се спаси од домашен пораз откако во последните секунди прекуголот на Де Кордова Рид успеа да израмни против Брајтон на 2:2.
🚨🚨| GOAL: SAKA GIVES ARSENAL THE LEAD!!!
Fulham 1-2 Arsenal
— CentreGoals. (@centregoals) December 8, 2024