Тимот на Волфсбург на потешкиот начин денеска стигна до уште една победа во домашниот Бундес лига шампионат. Со пресврт и голови во последните минути од мечот се стигна до конечни 4:3, против Маинц на домашен терен.
Херој во оваа приказна за домаќинот е данскиот интернационалец Џонас Винд кој со два гола во 84. односно 94. минута освои драгоцени три бода.
Гостите се понадеваа на позитива денеска откако Небел ги доведе во водство во 11. минута. Амаура израмни на 1:1, но Буркардт во 39. минута повторно го носи Маинц во предност.
Томас израмнува на 2:2, а Небел по втор пат гостите ги става во предност. Сепак, на крајот Винд стапува на сцена и ги поставува конечните 4:3.
Волфсбург е на петтото место со 21. бод, додека Маинц е деветти со 19.