ПМФЛ: Работнички го “торпедираше“ Пелистер, Шкендија и Гостивар “одиграа“ за Силекс, есенската титула во Кратово…

1372

Попладнево со мечевите од 18.коло заврши есенската полусезона. Под Шара во дербито Шкендија и Гостивар одиграа за 0:0, резултат кој му одговараше и тоа на Силекс па така во Кратово се слави есенската титула откако совладан беше Вардар.

Работнички уште еднаш маестрален, го декласираше Пелистер со 3:0 и со головите на Мазари два и Регба. Сепак му недостигаше уште еден гол, со победа од 4:0 Работнички ќе беше есенски првак.

Когасме кај табелата на врвот таа изгледа вака…

Силекс 37, Шкендија 37, Работнички 37, Гостивар 35, Струга ТЛ 32…

Кога сме кај Струга ТЛ блесок на Малески кој со два гола ја потопи Воска за победа од 2:1 во “Езерското дерби“.

Беса дома беше поразена од Шкупи со 0:1, додека Тиквеш со головите на Манасиевски и Стојкоски ја победи Брера со 2:0.

РЕЗУЛТАТИ – 18.КОЛО

БЕСА – ШКУПИ 0:1

(/Захов (авт) 57.)

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 3:0

(Мазари 15., 47., Регба 28./)

ШКЕНДИЈА – ГОСТИВАР 0:0

СИЛЕКС – ВАРДАР 1:0

(Ефтимов 28./)

СТРУГА ТЛ – ВОСКА 2:1

(Малески 8., 84./Осеи 80.)

ТИКВЕШ – БРЕРА 2:0

(Манасиевски 45.. Стојкоски 90./)

ПретходноСилекс е есенски шампион во ПМФЛ (ВИДЕО)
СледноГоран Станиќ: Презадоволен сум, ова е вистинскиот Работнички кој што сакам да го гледам!