Според британскиот печат, фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах треба да потпише нов договор со клубот.
Иако постои страв дека Салах би можел на лето да го напушти клубот од „Енфилд“ како слободен играч, се чини дека е постигнат договор меѓу него и Ливерпул.
Пред неколку дена од Египет се појави информација за неговиот престој во Ливерпул, а сега „Мирор“ пишува дека е постигнат договор. Имено, најдобриот играч на тимот оваа сезона треба да потпише нов, двегодишен договор со клубот. Предлогот на Салах и неговиот агент Рами Абас е тригодишна соработка, но челниците на Ливерпул гледаа на едногодишен договор.
На крајот, се најдоа на средината и тоа ќе биде потпис до 2027 година, иако не се знае дали ќе добие покачување од 400.000 фунти неделно што ги заработува според актуелниот договор.
Салах според бројни проценки е еден од најдобрите фудбалери во историјата на Ливерпул. Досега на 370 натпревари има постигнато 226 гола. Оваа сезона се истакна со 15 голови и 12 асистенции.