Неполни 24 чаа откако постигна рекордни 56 поени на мечот со Вашингтон, неверојатниот Никола Јокиќ уште еднаш покажа зошто во моментов е најдобриот кошаркар на светот. Српскиот центар утрово во победата на Денвер над Атланта од 141:111 постигна дури 48 поени, а имаше и 14 скока и осум асистенции.
Јокиќ во два дена постигна вкупно 104 поени, имаше 30 скока и уште 16 асистенции, што е првпат во историјата на кошарката некој да оствари ваков резултат (100+ поени, 30+ скокови и 15+ асистенции) во период од само 24 часа.
Во победата на Денвер Мајкл Портер додаде 26 поени, а Кристијан Браун 17. Кај Аталанта, Хантер беше предводник со 20 поени.
Кошаркарите на Мајами му го нанесоа само четвртиот сезонски пораз на Кливленд совладувајќи го со 122:113. Предводени од Хиро кој постгна 34 поени, „жешките“ ја забележаа третата победа во низа.
ЛА Лејкерс утрово, пак беа подобри од Портланд со 107:98 и ја прекинаа низата од три последователни порази. На домашен терен, „езерџиите“ славеа по одличната партија на Ентони Дејвис кој постигна „дабл-дабл“ со 30 поени и 11 скока, а слично остварување имаше и Расел, кој на 28 постигнати поени додаде и 14 асистенции. Во домашниот состав го немаше повредениот Леброн Џејмс.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Атланта – Денвер 111:141
Мајами – Кливленд 122:113
Орландо – Феникс 115:110
Сан Антонио – Њу Орлеанс 121:116
Вашингтон – Мемфис 112:140
Голден Стејт – Минесота 114:106
ЛА Клиперс – Хјустон 106:117
Сакраменто – Јута 141:97
ЛА Лејкерс – Портланд 107:98
Чикаго – Филаделфија 100:108
Бруклин – Милвоки 113:118
Индијана – Шарлот 109:113