Баерн ослабен до крајот на 2024 година

98
ФОТО: FC Bayern Munich

Фудбалерите на Баерн Минхен го победија Хајденхајм со 4:2, но останаа без двајца важни членови.

Како што беше потврдено, на овој меч се повредија Алфонсо Дејвис и Кингсли Коман кои очигледно нема да играат до крајот на 2024 година.

До зимската пауза Баерн го очекуваат уште два натпревари, прво гостување кај Шахтјор во Лигата на шампионите, па Мајнц, како и дерби со Лајпциг на „Алијанц Арена“ на 20 декември.

Потоа следува пауза до 11 јануари кога ќе и гостуваат на Борусија Менхенгладбах.

Да потсетиме, од минатата недела надвор од терените е Хари Кејн, кој најверојатно ќе го пропушти Шахтјор, а ќе биде знак прашалник за Мајнц и Лајпциг.

Баерн Минхен е лидер во Бундеслигата со шест бода повеќе од Ајнтрахт и седум од Баер Леверкузен, додека во Лигата на шампионите го зазема 13. место со девет бодови и има императив да го подобри впечатокот по поразите од Астон Вила и Барселона.

ПретходноИграчите застанаа во одбрана на менаџерот на Тотенхем
СледноЧаби Алонсо: Интер е еден од најдобрите тимови во Европа, ќе дадеме се од себе!