Вест Хем победи а Лопетеги, барем засега, се спаси од отказ!

167

Вест Хем – Вулверхемптон 2:1 е епилогот од мечот од 15.коло во Премиер-лигата кој се одигра вечер на “Лондон стадионот“. На оваа победа се чини дека најмногу и се израдува тренерот Хулиен Лопетеги, кој барем засега, се спаси од отказ кој се најавуваше изминатите денови а посебно денеска во пресрет на овој натпревар.

Дури се споменуваше и Масимо Алегри како нов стратег на “чеканите“.

Кога сме кај стрелците да кажеме дека Соучек во 54.минута донесе водство на Вест Хем од 1:0. “Волците“ израмнија преку Доерти во 69.минута а Боувен во 72.минута ги постави конечните 2:1 за Вест Хем.

Секако дека оваа победа “чеканите“ му ја посветија на својот соиграч Мајкл Антонио кој во саботата тешко се повреди во сообраќајна несреќа.

ПретходноУдинезе со триумф кај Монца!
СледноЗавршија рочиштата за 115-те обвиненија против Сити кој би можел да се пресели аматерска лига?