Играчите застанаа во одбрана на менаџерот на Тотенхем

446

Фудбалерите на Тотенхем отворено застанаа зад тренерот Анже Постекоглу откако почна да расте притисокот врз него по новиот пораз од екипата на Челзи вчера. Тотенхем победи само на еден од последните седум натпревари во сите натпреварувања и тоа со оние 4-0 над Манчестер Сити.

И покрај слабите резултати, играчите не сакаат промени. Дефанзивецот Кристијан Ромеро вели дека Анже успеа да го сплоти тимот.

„Тој е фантастичен тренер, како што видовме во првата сезона. Во оваа втора сезона бевме погодени од многу повреди и дојде до ова. Први се критикуваат играчите, а ако потоа загубиме десет натпревари, стручниот штаб може да биде сменет, но никој не зборува што всушност се случува. Јас и моите колеги сме навистина задоволни од овој кадар. Го сакаме начинот на кој работиме и фудбалот кој го играме. Се обидуваме брзо да продолжиме понатаму“, вели Кристијан Ромеро.

Претходно“Бомба“: Аморим во јануари го добива еден од најдобрите напаѓачи во светот!
СледноБаерн ослабен до крајот на 2024 година