Контроверзниот судија кој на Алиоски намерно му дал жолт картон – ДОБИ ОТКАЗ!

377

Дејвид Кут, контроверзниот судија во ПЛ денеска и официјлно добил отказ од страна на Судиската комисија во Англија. Познато е дека во Англија судиите се вработени во Судиската комисија, а поради сите контроверзи со кои беше поврзан Кут, тој и официјално доби отказ. Пред еден месец беше суспендиран, а од денеска и официјално не е веќе дел од елитните судии во Англија.

Инаку пред неколку дена искочи афера дека Кут во 2019 година намерно му дал жолт картон на Џани Алиоски, уште кога нашиот репрезентативец играше за Лидс, и тоа поради барањето од страна на одредени лица поврзани со обложувалниците.

Пред извесно време искочи видео во кое се гледа како тој го навредува поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп. А исто така наводно бил фатен и со опојни средства во хотелска соба.

По ова на Судиската киомисија да му врачи отказ на контроверзниот Кут.

ПретходноМбапе по бројните критики: Националниот дрес е најважен, зошто не играв – тоа го знае селекторот!
СледноНајголемиот кикс во историјата на КК Партизан: “Овој не сакам ни да го гледам“! А ТОЈ бил – Никола Јокиќ!