Мбапе по бројните критики: Националниот дрес е најважен, зошто не играв – тоа го знае селекторот!

67

Мбапе за француската репрезентација одигра 86 натпревари и постигна 48 голови.

На овогодинешното Европско првенство во Германија, Франција се пласираше во полуфиналето, каде беше поразена од Шпанија (1:2).

“За време на ЕП имаше многу клевети и лаги за мене. Бев навредуван и обвинуван за некои неуспеси на тимот. Сето тоа го прифатив заради француската репрезентација. Секогаш го ставам дресот на националниот тим на врвот. Направив се што можев за да ја претставувам Франција што е можно поквалитетно. Фокусиран сум на Реал, но сепак, немам намера да се откажам“, изјави Мбапе за Канал плус.

Потоа објасни зошто не играл за француската репрезентација на натпреварите од Лигата на нации во октомври и ноември.

“Нема ништо поважно од репрезентацијата. Се повредив во октомври, а не можам да кажам ништо за натпреварите во ноември. Тоа е одлука на селекторот Дидие Дешамп, која морам да ја почитувам. Тој се прашува. Сакав да играм за Франција во ноември, но селекторот не ми се јави, извинете, но не можам да кажам зошто не ми се јави“, додаде францускиот фудбалер.

Мбапе во летниот преоден рок пристигна во Реал од Пари Сен Жермен.

“Сонував да играм за Реал. Знаев дека ќе играм за овој клуб. На официјалното претставување на Сантијаго Бернабеу, навивачите ме пречекаа како крал иако не направив ништо за нив. Беше неверојатно. Уверен сум дека ќе успеам во Реал“, истакна Мбапе.

ПретходноПо очајните резултати, Баковиќ прв настрада во МЗТ Скопје: Кој е следен?
СледноКонтроверзниот судија кој на Алиоски намерно му дал жолт картон – ДОБИ ОТКАЗ!