Никола Јокиќ во моментов е најдобриот кошаркар во светот. Тоа го признаваат и самите Американци и со право. Ако си најдобар во НБА тогаш си најдобар во светот.
Нема кошаркарски фан на овие простори кој не ја знае животната приказна на Јокиќ. Како и од кој клуб замина за НБА, се останато е историја.
Можеби се ќе беше поинаку, ако извесен Горан Тадиќ, кој пред 15 години бил главен тренер на младинските категории во Партизан, а и асистент на првиот тренер Душко Вујошевиќ, не ја направел грешката на својот живот, а Партизан најголемиот кикс во историјата на клубот.
Тогаш Никола Јокиќ имал 14-15 години и бил на камп во Златибор. На тој Тадиќ кажано му било да го погледне “малиот“ Никола, а овој, барем така велат добро упатените извори, буквално рекол откако само “ѕирнал“ од балконот преку оградата:
“Ме повикавте само поради ова момче? Не сакам ни да се симнам на теренот, ниту пак да го гледам. Такви како него во Партизан имаме и премногу“ наводно кажал несреќниот Тадиќ.
Откако не успеал да премине во Партизан, Јокиќ заиграл за Мега, се останато е историја.