Статистиката која е направена за настапите на Манчестер Сити по повредата на Родри, покажуваат колку всушност освојувачот на „Златната топка“ за 2024 година е значаен дел од тимот на Гвардиола. Според анализата која се појави во медиумите, екипата на Манчестер Сити по повредата на Родри е вториот најлош тим во Премиер лигата според бројот на примени голови од т.н. „големи шанси“ креирани од нивните противници.
Од 22 септември, ден кога Родри се повреди против Арсенал, само еден тим во Премиер лигата примил повеќе голови од „големи шанси“ на противниците од Сити, а тоа е Саутемптон кој е на дното на табелата. Ова е статистика која навистина треба да го алармира Пеп Гвардиола, особено ако се знае дека сега без Родри неговите играчи се постојано извлекувани од позиција обидувајќи се да покријат простор во средниот ред.