Штотуку отпуштениот директор на Манчестер Ј., Ден Ешворт наводно не сакал да го донесе Рубен Аморим на менаџерското место во тимот, туку негов прв избор бил Томас Френк од екипата на Брентфорд. Ова несогласување со сопствениците на тимот, веројатно е и главната причина за неговото заминување, објавија англиските медиуми.
По само пет месеци на директорското место, Ден Ешворт и Манчестер Јунајтед ја завршија соработката викендов. „Атлетик“ пишува дека имало рани индикации дека поранешниот прв оперативец на Њукасл не бил идеален како спортски директор во Манчестер Јунајтед. Медиумите пишуваат, како што беше претходно споменато, дека Ешворт зборувал за продолжување на соработката со Тен Хаг до крајот на сезоната, а потоа доведување на Френк.
Се уште не е познато дали Манчестер Јунајтед има намера да најде нов спортски директор.