По очајните резултати, Баковиќ прв настрада во МЗТ Скопје: Кој е следен?

310

МЗТ Скопје е во голема криза. Актуелниот македонски првак не само што изгледа лошо во АБА2-лига и таму целосно потфрли бидејќи остана без шанси да се бори за една од главните поставени цели – враќање во АБА-лига, во бледо издание се покажува и во домашниот шампионат.

Поради лошите резултати прв настрада Марко Баковиќ. Договорот со него е спогодбено раскинат, останува отворено прашањето дали само тој треба да се оди или одговорноста за лошите игри ќе ја сноси и некој друг.

„Марко Баковиќ повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје, откако денеска спогодбено го раскинавме договорот со него“, пишаа кратко на социјалните мрежи во МЗТ Скопје. 

МЗТ Скопје во домашниот шампионат игра неубедливо со оглед на засилувањата кои ги зема. Тренерот Васко Атанасов никако не успева да склопи игра која ќе ги оправда финансиските вложувања особено во странците.

Останува да видиме во следните денови што друго ќе се промени и дали навистина ќе има промени.

На табелата актуелниот првак е трет со шест победи и три порази, последниот дојде од ТФТ, кој му одржа лекција на тимот од Аеродром.

ПретходноВажни бодови за Холандија против Швајцарија
СледноМбапе по бројните критики: Националниот дрес е најважен, зошто не играв – тоа го знае селекторот!