Во претпоследното коло од есенскиот дел во одбојкарските првенства немаше изненадувања. Фаворитите за највисок пласман имаа доминантни партии со кои ги потврдија своите кандидатури за плеј-офот.
Во машкиот шампионат екипатана Македонија Џио успеа да оствари уште една сезонска победа, овој пат славејќи на гости кај Веста Пробиштип со 3:0, додека во дербито кај дамите, екипата на Работнички имаше убедлив триумф на гостувањтео кај Наковски волеј со што го потврди второто место на табелата. Кај дамите во ова 12. коло исклучително важна победа обезбедија одбојкарките на Фит Фан Фолеј на гостувањето во Штип против Младост УГД со што полека гопотврдуваат местото во разигрувањето.
ПРВА ЛИГА / МАЖИ – 12. КОЛО
Шкендија – Вардар 1947 3:0 (25:13, 25:20, 25:19)
Јанта волеј – Работнички 71&22 0:3 (11:25, 16:25, 16:25)
Струмица – Универзитет во Тетово 3:0 (25:18, 25:18, 25:7)
Штип УГД – Сушево 3:0 (25:17, 25:8, 25:14)
Весна Пробиштип – Македонија Џио 0:3 (13:25, 17:25, 19:25)
ГОК Борец – Скопје 3:0 (25:9, 25:16, 25:22)
ТАБЕЛА: 1. Струмица (33), 2. Штип УГД (30), 3. ГОК Борец (26), 4. Шкендија (25), 5. Работнички 71&22 (23), 6. Универзитет во Тетово (21), 7. Вардар 1947 (15), 8. Лирија (13), 9. Скопје (9), 10. Македонија Џио (9), 11. Сушево (6), 12. Весна Пробиштип (6), 13. Јанта Волеј (0).
ПРВА ЛИГА / ЖЕНИ – 12. КОЛО
Јанта волеј – Ускана 3:0 (25:14, 25:22, 25:19)
Наковски волеј – Работнички 0:3 (12:25, 14:25, 23:25)
Вардар ЕМ – Струмица 3:0 (25:19, 25:11, 25:21)
Младост УГД – Фит фан волеј 1:3 (25:23, 17:25, 23:25, 19:25)
TАБЕЛА: 1. Јанта волеј (35), 2. Работнички (31), 3. Наковски Волеј (26), 4. Фит Фан Волеј (20), 5. Младост УГД (13), 6. Вардар ЕМ (11), 7. Струмица (6), 8. Ускана Волеј (2).