Тренерот на Трабзонспор се „освести“, го враќа Барди во првиот тим!

657

Во 15. коло од турскиот шампионат, екипата на Трабзонспор одигра 2:2 со Касимпаша и со тоа ја продолжи очајната сезона. Откако минатата година завршија на третото место, сега се 12-ти.

Турските медиуми утровообјавија дека тренерот на Трабзон, Шенол Ѓунеш, по мечот со Касимпаша „целосно полудел“ и одржал 26-минутен говор, во кој ја прогласил сезоната за загубена без разлика што можат да се борат за два трофеи во турскиот Суперкуп и Куп. Турските медиуми тврдат дека Ѓунеш ќе се обиде да го разбуди тимот со тоа што ќе врати четворица фудбалери и ќе испрати ист број од сегашниот тим надвор од составот.

Меѓу четворицата повратници треба да биде и капитенот на нашата фудбалска репрезентација, Енис Барди, кој кон средината на ноември беше отстранет од првиот тим за да тренира одделно и да ја подобри формата. Со него во првиот тим се враќаат и хрватското крило Мислав Оршиќ, суринамскиот дефанзивец Стефано Денсвил, турскиот напаѓач Умут Бозок.

За разлика од нив, Ѓунеш надвор од првиот тим ги испраќа се хрватското лево крило Борна Баришиќ, како и турските фудбалери, стоперот Хусеин Туркмен, десното крило Серкан Асан и играчот за врска Озан Туфан.

ПретходноОткако се повреди Родри, Манчестер Сити прима голови исто како и „фенерџијата“ Саутемптон!
СледноДен „Д“ за Серхио Перез: Ред Бул одлучува дали да го отпушти!