Ретко кој тренер по мечот ќе каже дека е презадоволен и воодушевен од настапот на својата екипа. Горан Станиќ речиси никогаш, но ете вчера се случи преседан. За “СпортСпорт“ тренерот на Работнички го кажа и тоа. Тоа значи дека тимот од Дебар Маало вчера против Пелистер, во победата од 3:0, одиграл совршен меч. А кога е така тогаш јасно е дека и своја улога за тоа има и Станиќ.
Токму затоа тој е и тренер на ова последно есенско или 18.коло во тековната сезона.
Исто така тој е во најтесна конкуренција и за тренер на есенската полусезона, му недостигаше само еден постигнат гол повеќе за да биде тренер на есенскиот првак. Но и вака Работнички со Станиќ оваа есен беше брилјантен.