Фенербахче со ултиматум до Мурињо!

2427
Фото: ФЦ Фенербахче/Твитер

Турскиот гигант Фенербахче би можел да го отпушти тренерот Жозе Мурињо доколку тимот не успее да го победи Атлетик Билбао во Лигата на Европа во среда, пишува шпанскиот весник АС.

Поранешниот тренер на Рома, Мурињо е под притисок во Фенербахче и евентуален кикс на претстојниот натпревар против Атлетик би ги поттикнал директорите на клубот да размислат за иднината на тренерот.

Фенербахче е втор на табелата во турскиот шампионат, но веќе заостанува шест бода зад лидерот Галатасарај. Го загубија и дербито во Истанбул против Бешикташ во саботата.

Мурињо би можел да добие отказ по втор пат оваа календарска година откако беше ослободен од Рома во јануари.

.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Станиќ (Работнички)
СледноКоментар на 18.коло: Есенска титула која ништо не значи…можеби само за прослави и чаталење!