По цели 3,5 месеци, од 18 август и таа победа над Воска со 2:1 во 2.коло, вчера Тиквеш повторно победи. И тоа во последниот меч оваа есен и тоа против Брера со 2:0.
Некој ќе каже четата на стратегот Ѓорѓи Мојсов вчера победи затоа што играше со бели дресови дома. Познато е дека кога игра дома Тиквеш игра со црвена опрема, ама од таборот на кавадарчани не кријат дека за да го разбијат малерот се решиле за белата опрема и не погрешија.
Инаку за првпат оваа сезона во Кавадарци пред да започне натпреварот се интонираше државната химна, а од клубот велат дека така ќе биде и во иднина.