Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, зборуваше за медиумите во пресрет на утрешниот дуел со Интер од 6. коло од главната фаза во Лигата на шампионите. Двата тима во досегашниот дел од турнирот се прикажуваат многу добро светло и се меѓу најдобрите осум екипи, а Италијанците се уште се непоразени и немаат примено ниту гол.
„Утре ќе се соочиме со еден од најдобрите тимови во Европа. Нашиот тим е добро подготвен, но ќе биде голем предизвик. Интер е навистина силен, има многу добар состав со многу добри играчи.
Интер е победнички тим. Тие веќе постигнаа успех. Добро ја контролираат играта и го имаат еден од најдобрите тренери во светот. Со нетрпение очекуваме утре да го пречекаме Интер. Ќе биде голем натпревар и ќе дадеме се од себе“, започна Алонсо.
Шпанецот проговори и за проблемите во Леверкузен:
„Нема да бидат достапни Бонифас, Адли и Хофман. Патрик Шик се подобрува, но останува да чекаме уште на утрешниот тренинг. Ќе гледаме од ден на ден и потоа ќе одлучиме во каква форма е и која е опцијата за него“.