Атдхе Мазари полека, но сигурно станува најдобриот играч на Работнички, и не само поради головите, а оваа есен и тоа како ги имаше. Кога треба да се “отвори“ противникот, кога треба тој еден потег за решавање на мечот тука е Атдхе, кој тоа на најдобар начин го покажа вчера на мечот против Пелистер. Два гола, одличен настап и затоа според „СпортСпорт“ офанзивецот на Работнички повторно е играч на колото, сега на ова 18.коло или последно есенско. Работнички го победи Пелистер со 3:0, а стрелец беше и Регба.
Покрај овие двајца во тимот на колото се и Василев и Мбенде (Гостивар), Мојсов, Манасиевски и Стојкоски (Тиквеш), Ефтимов (Силекс), Малески и Ристевски (Струга ТЛ), Диене (Шкупи).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
АТДХЕ МАЗАРИ
Тим: Работнички
Роден: 02.06.2001 во Струга
Кариера: Шкендија, Струга ТЛ, Охрид, Победа, Работнички