Американската пливачка Гретчен Волш постави нов светски рекорд на 50 метри пеперутка на Светското првенство на кратки патеки кое се одржува во Будимпешта, Унгарија. Таа во квалификациите исплива резултат од 24,02 секунди, со што го подобри досегашниот светски рекорд во оваа дисциплина стар 15 години.
Досега светска шампионка на 50 метри пеперутка беше шведската пливачка Тереза Алшамар со време 24,38 секунди.
21-годишната Волш го држи светскиот рекорд и на долги патеки на 100 метри пеперутка (55,18). На Олимписките игри во 2024 година таа освои сребро во оваа дисциплина.
Gretchen Walsh Shatters 50 Fly World Record, 24.02https://t.co/1BptihBBAX pic.twitter.com/n4zJk7gYcU
— SwimSwam (@swimswamnews) December 10, 2024