Последните информации од Шпанија велат, дека првиот голман на Валенсија, интернаицоналецот од Грузуија, Георги Мамадрдашвили го повредил мускулот и дека ќе мора да паузира.
Ова за нас и не би била некоја вест, доколку на негово место нема да застане на голот нашиот Столе Димитриевски.
Репрезентативниот голман се пресели во Валенсија летово, но Мамардашвили и покрај најавите не замина во друг клуб, па Димитриевски остана резерва. Сега, откако Грузиецот се повреди, Димитриевски ќе дебитира во Ла Лига, откако веќе бранеше на два меча во купот на Шпанија.
Официјалното деби во шампионатот на Шпанија, Димитриевски ќе го има во петок кога Валенсија гостува кај Ваљадолид.