Навивачите на Манчестер Сити сами ќе го дизајнираат дресот за сезоната 2026/27 (ФОТО)

42

Манчестер Сити е подготвен да испише историја со креирање на дрес создаден од вештачка интелигенција и дизајниран, токму, според желбите на навивачите.

Англискиот шампион и компанијата за спортска опрема Пума се здружија за да создадат иновативна нова идеја, давајќи им на навивачите „уникатна можност“, сами да учествуват во креирањето на дресот кој клубот ќе го има како официјален трет дрес за сезоната 2026/27.

Со помош на вештачката интелигенција, Пума ќе им овозможи на навивачите да го креираат својот трет комплет користејќи текстуални пораки и алатки за прилагодување. Победничкиот дизајн ќе биде направен и користен Манчестер Сити во текот на сезоната 2026/27 и ќе се продава во клупските продавници.

Некои од можните дизајни веќе се појавија и на интернет.

ПретходноШкупи ги раскина договорите со Златков и Пинтер
СледноМамардашвили се повреди, Димитриевски дебитира во Ла Лига