Тажен крај за Црна Гора, Шведска ќе игра за 5. место на ЕП

454

Црна Гора не успеа да ја продолжи бајката на Европското првенство, им требаше реми, на крајот по голема драма беше поразена од Шведска со 25-24. Во битката за петтото место ќе игра Шведска, а за противникот ќе го дознае утре.

Црна Гора имаше последна шанса да извлече реми во последната минута, но ударот од пенал на Милена Раичевиќ заврши во гредата. Тоа и даде на Шведска 33 секунди за да обезбеди победа, а Акснер повика тајмаут за да ги смири нервите на својот тим пред последниот напад.

Робертс беше блокирана, а Црна Гора има посед со 22 секунди на часовникот. Сузана Лазовиќ зема тајм-аут, но одбраната на Шведска е цврста и тие ќе заминат во Виена на мечот за пласман од 5/6.

Најефикасна на мечот беше Јауковиќ која постигна девет гола, додека кај Шведска се истакнаа Хагман, Лерби и Робертс со по пет реализации.

Пред натпреварот, Франција и Унгарија беа единствените непоразени тимови во групата 1, двете селекции го покажаа својот квалитет на теренот со спектакуларни голови и импресивна тактика, но на крајот „триколорите“ го освоија првото место откако славеа со 30-27.

По оваа победа Французинките во полуфиналето ги избегнаа Норвежанките кои се првопласираните од Групата 2 и ќе играат против Унгарија. Што се однесува до „триколорите“ противникот на патот кон полуфиналето ќе го добијат после утрешната пресметка меѓу Данска и Холандија.

Фопа и Валентини со по пет гола беа лидери кај победникот, а кај Унгарија не помогна ниту извонредната Клујбер која постигна девет гола.

Претходно во меч кој немаше резултатско значење во однос на продолжување на европскиот сон, Романија беше поразена од Полска со 29-24.

ПретходноМЗТ Скопје му се заблагодари и на Слај
СледноРистовски: Кога не понижуваат и отпишуваат, Динамо е најсилен