Араухо се врати во тимот на Барселона 156 дена по повредата

90

Роналд Араухо повторно е дел од тимот на Барселона. По цели 156 дена откако се повреди во дресот тој денеска се врати на тренинг.

Уругваецот заработи повреда на четвртфиналниот натпревар од Копа Америка против Бразил, а потоа беше опериран на бицепсниот мускул на левата нога.

Тој и официјално сега веќе за прв пат се појави во тимот откако е Ханси Флик тренер на Барселона, а кога и колку ќе добие шанса за настап останува да видиме. Утре Барселона го игра дуелот во ЛШ против Борусија Дортмунд.

 

ПретходноФоден и Ковачиќ на тренинг и во комбинација за дуелот со Јуве
СледноЗа Мануел Нојер заврши 2024 година