Беше осми најплатен фудбалер во светот, па останал само со 724 евра!

573

Асаома Гијан пред 14 години пристигна во Сандерленд од Рен во трансфер вреден 15 милиони евра. Во својата прва сезона во Англија, тој постигна 10 гола, а потоа набрзо започна надолна патека. Но, се покажа дека таа е оптимистичка за неговите финансии.

Од 2011 до 2015 година играше за Ал Аин за нешто помалку од 200.000 евра неделно, што беше три пати повеќе од сумата што ја заработуваше во Сандерленд. Тоа го оправда со 128 гола на 123 натпревари, а потоа му се приклучи на Свен-Горан Ериксон во Шангај.

Тој беше осмиот најплатен играч во светот со заработка од околу 275.000 евра неделно, што е речиси еднакво на она што Герет Бејл го имаше тогаш во Реал Мадрид. На 26 натпревари постигна осум гола. Марка пресмета дека заработувал 3,6 милиони евра по постигнат гол. Неодамна на сметката имал само 724 евра, пишува Marca.

Најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Гана (51 гол на 109 натпревари) мораше да и плати отштета на поранешната сопруга откако судот утврди дека тој е биолошки татко на нивните три деца.

Откако ДНК анализата го утврди татковството, судот нареди 37-годишниот Гијан на својата поранешна сопруга да и подари куќа во Обединетото Кралство, куќа во Акра, бензинска пумпа и два автомобили, објави Би-Би-Си. Гијан исто така морал да плаќа 2.100 долари месечно за издршка.

Сега ситуацијата е многу подобра за него. Откако се обиде во политиката, почна да инвестира пари во боксерски промоции, превозни средства и се врати во бизнисот со бензински пумпи. Неодамна најави дека повеќе ќе внимава на хуманитарната работа.

ПретходноСтојановски и Панчевски од ШК Алкалоид беа најуспешните македонски играчи на Eвропските шампионати во забрзан и во брзопотезен шах
СледноСинер: Се чувствувам како Верстапен!