Како што дознава “СпортСпорт“, Бобан Бабунски (56) еден од нашите најпознати тренери, е пред промоција во шеф на стручниот штаб на Беса. Досегашниот прв асистент во Шкупи, а поранешен стратег на Пелистер, Вардар, Победа, Работнички, а на неколку меча беше и селектор на Македонија, ќе ја преземе тренерската палка во прволигашот од Добри Дол.
Познато е дека по заминувањето на Берат Имери, кој беше кусо во Беса, тимот како В.Д. Го водеше Бурим Садики, но јасно беше дека во текот на зимската пауза раководството на Беса ќе доведе искусен и познат шеф на струката.
Се чини дека изборот е Бобан Бабунски.