Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка е избрана за тенисерка на годината на ВТА. Белорусинкат освои четири титули во последната година – од Австралија Опен, преку Синсинати и УС Опен, до Вухан.
26-годишната девојка сега има три Грен слем трофеи.
Откако го освои турнирот во кинескиот град по трет пат, таа го заврши единаесетмесечното владеење на Швјонтек на врвот на ВТА листата.
Сабаленка за првпат е избрана за тенисерка на годината, во претходните две години триумфираше споменатата полска тенисерка.
drumroll, please…🥁
Congratulations to @SabalenkaA, your 2024 Player of the Year!
Check out the full video over on Youtube 👇
— wta (@WTA) December 9, 2024