Завршија рочиштата за 115-те обвиненија против Сити кој би можел да се пресели аматерска лига?

807

Завршија рочиштата за 115-те обвиненија покренати против Манчестер Сити од Премиер-лигата за системско кршење на финансиските правила. Според Дејли Мејл, петокот бил последниот ден кога двете страни ги презентирале своите завршни зборови. Со ова се става крај на процесот што започна на 16 септември. Сега тричлениот совет кој треба да одлучи за обвиненијата ќе ги разгледа сите докази пред да донесе одлука. Се уште не се знае кога тоа ќе се случи, но пресудата треба да биде јасна за неколку месеци.

Доколку Манчестер Сити биде прогласен за виновен, исфрлањето од англиската Премиер-лига и Лигата на шампионите е реална можност.

Јасно е дека тоа би било катастрофа за повеќекратниот шампион на Англија кој на тој начин би можел да испадне во една од аматерските лиги во Англија.

Претходно слични проблеми имаше и Манчестер Сити кога УЕФА го суспендираше клубот на две години.

Англискиот тим беше казнет и со 30 милиони евра, но одлуката беше поништена по жалбата до ЦАС.

Ваквите вести доаѓаат во ситуација кога Манчестер Сити е во најлоша форма во последните можеби 15 години. Има само една победа на последните девет натпревари, а во овој период забележа шест порази.

Од тоа имаше серија од дури пет порази, а со меч помалку заостанува осум бода зад водечкиот Ливерпул во Премиер лигата.

Следната шанса за победа и излез од кризата ќе ја имаат утре во Лигата на шампионите на гостувањето кај Јувентус, но јасно е дека тоа нема да биде воопшто лесна задача.

ПретходноВест Хем победи а Лопетеги, барем засега, се спаси од отказ!
СледноТаунс пресече, Никси победнички низ Канада (ВИДЕО)