Денеска со ждрепка беа одтедени двојките за четвртфиналните натпревари во фудбалскиот Куп на Македонија. Среќата сакаше, екипата на Вардар во оваа фаза од Купот да биде домаќин на еден од есенските лидери во домашното првенство, екипата на Силекс. Во останатите двојки ќе се сретнат:
СТРУГА Трим Љум – ГОСТИВАР
ДЕТОНИТ Плачковица – ШКЕНДИЈА
БРЕРА А.П. – АРЕСИМИ
ВАРДАР – СИЛЕКС
Во оваа фаза се игра само по еден меч. Дуелите се закажани на 26 февруари 2025 година со почеток во 14:00 часот.