Куп на Македонија: Денеска е ждрепката за 1/4 финалето, Детонит сигурно ќе биде домаќин!

830

Како што и беше најавено пред неколку дена, денеска во 15 часот во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, ќе се одржи ждрепката за 1/4 финалето во Купот на Македонија.

Осум екипи со нетрпение ќе чекаат кого ќе добијат за ривал во оваа фаза во најмасовното клупско натпреварување во Македонија.

Тоа се екипите на Вардар, Брера, Шкендија, Струга ТЛ, Силекс, Гостивар, како и второлигашите Арсими и Детонит.

Натпреварите од 1/4 финалето (се игра по еден натпревар) се закажани за 26 февруари следната година, а според правилото на ФФМ, кое е воведено пред две години, познато е само дека Детонит без разлика против кого се падне во 1/4 финалето ќе биде домаќин на тој меч.

Имено единствено Детонит во 1/8 финалето славеше како гостин, и тоа во Битола кај Пелистер, па затоа сега ќе има предност од домашен терен.

На пример ако ждрепката сака двојката да биде Вардар – Детонит, овој меч ќе се игра во Радовиш а не во Скопје.

Сите останати екипи немаат никаква предност и ќе играат како што ќе посака ждрепката денеска од 15 часот.

ПретходноТаунс пресече, Никси победнички низ Канада (ВИДЕО)
СледноСитуацијата на „Енфилд“ е појасна: Две ѕвезди се договорени, се чека на уште една!