После Марко Баковиќ, МЗТ Скопје се раздели со уште еден кошаркар. Овој пат станува збор за Американецот Брендон Слај, со него исто така е потпишан спогодбен раскин на договорот.
Промените во таборот на актуелниот македонски првак доаѓаат после неисполнување на една од неколкуте поставени цели – враќање во АБА лига, како и поразите во домашниот шампионат, во кој тимот од Аеродром не делува толку убедливо според арсеналот на играчи со кои располага.