Ако Лапорта не успее да најде начин како да го пријави Дани Олмо за вториот дел од сезоната, шпанскиот репрезентативец ќе може да ја напушти Барселона.
Според Мундо Депортиво, играчот од средниот ред ќе може да замине бесплатно, доколку Барселона не успее да го регистрира. Ваква клаузула има вклучено во договорот на Олмо во август, кога Дани се согласи да биде регистриран само за првата половина од сезоната. Истата ќе остане во сила за целото времетраење на договорот, кој истекува во 2030 година.
Засега Олмо не планира да ја напушти Барселона, но Шпанецот вели дека се уште му верува на клубот во однос на регистрацијата. Тековниот рок за регистрација на Олмо за Ла Лига завршува на 31 декември, а Барселона ја искористи можноста да регистрира играчи во случај на сериозни повреди како што беше повредата на Андреас Кристијансен.