Официјално збогум и од УЕФА, Aлександар Ставрев ќе ја суди Порто – Митјиланд

851

Најдобриот македонски фудбалски арбитар изминатава деценија, Александар Ставрев, изминатиот викенд во ПМФЛ го одработи последниот домашен натпревар. Работнички – Пелистер и официјално беше последната средба која што Александар Ставрев ја одсуди во домашниот шампионат, а сега УЕФА исто така му дава можност да се прости но на интернационална сцена.

Александар Ставрев патува за Португалија, каде што ќе биде главен арбитар на мечот од Европската лига помеѓу легендарниот тим на Порто, и данскиот претставник Митјиланд. Мечот се игра в четврток на 12 декември.

Ова секако дека ќе биде огромна чест и задоволство за Ставрев да си замине во „судиска“ пензија на дуел на кој ќе настапи некогашниот европски шампион.

 

ПретходноАмериканката Волш го собори 15 години стариот светски рекорд на 50 метри пеперутка (ВИДЕО)
СледноФоден и Ковачиќ на тренинг и во комбинација за дуелот со Јуве