Вечерва во рамките од шестото коло од Лигата на Шампионите, тимот на Динамо Загреб со Стефан Ристовски како капитен на домашен терен го пречека тимот на Селтик.
Одигра 0:0 во меч во кој немаше многу убавина, Динамо не доминираше како што знае на својот Максимир, а по мечот нашиот интернационалец имаше интересна изјава.
„Задоволен сум, им честитам на момците, ова е вистинскиот пристап. Жал ми е што не постигнавме гол, игравме против многу сериозен противник. Драго ми е што покажавме дека сеуште сме во игра, и тоа против сериозен противник. Никој не смее да ни ги одземе нашите соништа и да ни ги скрати нашите желби. Тргнавме претпазливо. Но енергијата беше многу присутна. Бевме живи, одигравме многу добар меч. Се фокусираме сега на ХНЛ. Имаме проблеми но нема да се предадеме. Кога најмногу не понижуваат и отпишуваат, тогап Динамо е најсилен“ – рече Ристовски.