ЛШ: Реал и ПСЖ веќе не смеат да помислат на грешка

163

Вечерва започнува последното коло од Лигата на шампионите во оваа календарска година. Ова е шеста рунда од лигашкиот дел, а на стартот на 2025 година ќе се одиграат и последните две кола по кои ќе бидат познати комплетните патници во втората фаза од натпреварувањето.

Бранителот на европската круна, Реал Мадрид заедно со Пари Сен Жермен се ставија во многу лоша позиција, откако во досегашните пет кола веќе нанижаа три порази. И за двата гиганти веќе нема право на грешка. Шпанскиот колос има задача токму денеска против лидерот во италијанската Серија А, Аталанта да се бори за сите три бода и да остане во конкуренција за некое од погорните места на генералната табела. Двата тима веќе се сретнаа на почетокот на сезоната во мечот за Суперкупот на Европа, кој го добија „кралевите“.

ПСЖ гостува кај Ред Бул Салцбург, кој е се далеку од она што го покажуваше минатите сезони. Оваа е една од најлошата за Австриците, па затоа ПСЖ е фаворит на оваа средба. Шесткратниот освојувач на ЛШ, Баерн (М) е со два порази и вечерва има шанса да ги однесе бодовите од мечот со Шахтјор кој се игра во Германија, на стадионот во Гелзенкирхен.

Меѓу останатите денешни дуели, Ливерпул ќе се сретне со Џирона, во чии редови ќе го нема нашиот Бојан Миовски поради повреда. Лидерите во Премиер лигата се на врвот на табелата со максимални “5 од 5“ и со нов успех ќе си го загарантираат местото меѓу осумте најдобри.

ПретходноСинер: Се чувствувам како Верстапен!
СледноИ покрај неверојатните бројки Јокиќ не е прогласен за МВП на неделата