Пеп: Немам енергија да водам друг клуб освен Сити

287

Изминатиов период се напишаа многу, навистина многу текстови на тема Пеп Гвардиола и неговиот статус во Манчестер Сити. Менаџерот кој е исклучително трофеен, кој има огромно искуство неодамна потпиша нова соработка со тимот, која го обврзува до 2027 година, а тој лично смета дека нема да има енергија да води друг голем клуб освен Сити.

„Нема да водам друг тим. Не зборувам за долгорочна иднина, но она што нема да го направам е да одам во друга земја и да го направам истото што го правам сега откако ќе го напуштам Сити. Не би имал енергија за тоа. Помислата да се започне некаде на друго место со целиот процес на тренирање и се што се случуваше за да дојдам до оваа фаза во Сити… Не, не, не! Можеби во репрезентација, но тоа е поинаку.Морам да престанам. Како оние готвачи кои застануваат и одат во други земји за да дознаат што направиле добро и што можат подобро. Кога сте зафатени цел ден, секој ден, немате време да го направите тоа. Сакам да оставам сè и да одам да играм голф, но не можам. Мислам дека суспензијата ќе ми дојде добро. Сепак, јас сум сè уште млад и кога ќе престанам има неколку работи што сакам да ги направам. Еден од нив е да научам француски, да си го посветам слободното време на себе за да можам да играм голф и потоа да почнам да учам како да готвам едноставни работи“, – рече Пеп во последното интервју кое што го даде за јавноста во Англија.

ПретходноСалах повторно го спаси Ливерпул овојпат против Џирона (ВИДЕО)
СледноМЗТ Скопје му се заблагодари и на Слај