Салах повторно го спаси Ливерпул овојпат против Џирона (ВИДЕО)

184

Нема крај на головите на Мохамед Салах и победите на Ливерпул исклучиво по негова заслуга.

Репрезентативецот на Египет вечерва го однесе својот тим до нова победа во Лигата на Шампионите на гостински терен против Џирона со конечни 0:1. Голот беше постигнат од пенал во 63.минута откако претходно и двата тима одиграа тврд натпревар.

За домаќинот не настапи Бојан Миовски кој е повреден и кој ќе одуствува неколку недели.

Од друга страна пак во првиот ЛШ термин денеска Динамо Загреб на чело со Стефан Ристовски како капитен успеа да одигра 0:0 на домашен терен против Селтик. И двата тима имаа по некоја ситуација, но реалната слика за овој меч вели дека истиот сосема заслужено заврши без голови.

ПретходноЗа Мануел Нојер заврши 2024 година
СледноПеп: Немам енергија да водам друг клуб освен Сити