Јаник Синер присуствуваше на последната трка од сезоната во Формула 1 во Абу Даби, каде ја имаше честа да го означи крајот на трката.
Тенисерот број еден во светот истакна дека се чувствува како четирикратен шампион Макс Верстапен.
„Разговаравме неодамна, разговаравме за некои негови изјави. Тој вели дека не брка рекорди затоа што му е важно да биде со семејството. Ниту јас не бркам рекорди. Ние сме спортисти, но и луѓе. Пријателите и семејството се најважни. Јас ќе се обидам да го постигнам во тенисот она што тој го има во автомобилизмот“.
🇮🇹 Jannik #Sinner nel box Ferrari 🏎️
📸 @F1ingenerale_ pic.twitter.com/a4FbJUHsF4
— Luca Fiorino (@FiorinoLuca) December 8, 2024
Ако тој е Верстапен, дали тоа значи дека Алкараз е Луис Хамилтон.
“Хамилтон е поискусен, тешко е да се направи споредба. Но, стабилноста и издржливоста на Макс се импресивни. Јас имам само 23 години, а не 27 како него. На врвот сум само една година, но целта е да не биде уште три, туку да биде во игра и на 30. Сезонава беше феноменална, но се може да се промени“.
Италијанецот не ги крие желбите за следната сезона.
“Ако погледнам наназад, со најголемо жалење го напуштив Вимблдон, тоа ме потсетува на поразот во четвртфиналето. Играв многу добро до таа средба против Медведев. Спортот е непредвидлив, ќе видиме што ќе се случи следната година”.
Конечно, Синер се обиде да ги спореди Формула 1 и тенисот.
“Ние тенисерите сме исто толку осамени во нашиот спорт како и возачите. Сакам да се изолирам возејќи го автомобилот. Сепак, не знам како успеваат да дадат интервјуа на само две минути пред почетокот на трката. Влегуваат колата, стави ја кацигата и замини. Во тенисот не е така“, заклучи Италијанецот.