Тимот на Манчестер Сити има големи проблеми периодов. Што со повредени играчи, што со формата, и резултатите. Нема победи, нема бодови, како во Премиер лигата, така и во Лигата на Шампионите, па менаџерот Пеп Гвардиола но и самите играчи се под голем притисок.
Сепак, една позитивна работа во соблекувалната на Сити е враќањето на Фил Фоден односно Матео Ковачиќ на тренинг. И тоа во многу важен момент, затоа што утре Сити игра дуел од ЛШ против Јувентус и тоа на гостински терен.
И обајцата се играчи за врска од врвен калибар со што Гвардиола и тоа како ќе има подобри опции за утрешниот дуел за да ја склопи екипата и тактиката.